Драстичен пад на температурите, утрово измерен 1 степен во Лазарополе

Рано утринава територијата на Македонија подпадна под влијание на значително постудена воздушна маса која нагло ги спушти температурите за 10 до 15 степени, а сето ова беше  проследено и со засилен до повремено силен северен ветер, кој најизразен беше Долж Повардарието. На највисоките предели од Шар Планина провеа и малку снег.

На картата можете да ги погледнете измерените температурите рано утринава во 4  и 30 часот низ Македонија. Најстудено беше во Лазарополе со 1 степен, пишува во својата метео анализа, метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk