Европа и понатаму по старите правила: Одложена примена на новиот систем ЕЕС на границите, три земји не се подготвени

Европската комисија одлучи да го одложи воведувањето на системот за влез и излез на надворешните граници на Европската унија (ЕЕС).

Европската комисија донесе одлука да го одложи воведувањето на системот за влез и излез на надворешните граници на Европската унија (ЕЕС), кој требаше да почне со работа на 10 ноември, соопшти денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Јасно е дека нема да биде на 10 ноември. Исто така, постои загриженост за отпорноста на ИТ системот“, рече Јохансон на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.