Европската комисија: Шведските органи треба да направат чекор во врска со палењето на Куранот

Јоханес Барке, еден од портпаролите на Европската комисија, истакна дека шведските органи треба да направат чекори во врска со палењето на Куранот во Шведска, јавува Агенција Анадолија (АА).

Барке на прес-конференцијата на портпаролите на Европската комисија одговори на прашањето во врска со овој случај што се случи во Шведска.

Тој нагласи дека ваквите акти не се во согласност со вредностите врз кои е формирана ЕУ.

„Како што и претходно истакнавме повеќе пати; во ЕУ нема место за расизмот, ксенофобијата и омразата врз основа на расата и религијата. Ова е прашање за кое шведските органи треба да направат чекори“, рече тој.

Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија Цврст курс (Страм курс), на 21 јануари запали примерок од Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм. Палудан беше опкружен со голем број припадници на полицијата додека го изведуваше чинот на палење во близина на турската Амбасада.

Извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).