Европскиот суд на правдата донесе одлука со која би можело да ги принуди земјите редовно да објасниуваат зошто вршат проверки на личните документи на граѓаните кои треба слободно да се движат во Шенген зоната. Во Шенген зоната има 26 земји – 22 земји од Европската унија, заедно со Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Вообичаено, граѓаните и стоката се движат слободно во таа зона без гранични проверки. Дозволени се привремени контроли од безбедносни или здравствени причини. Најмалку седум земји во моментов имаат одредени ограничувања, главно од безбедносни причини или за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот. Ограничувањата треба да траат само шест месеци, но некои земји, особено Австрија, Франција и Данска, со години рутински ги обновуваат.
Радио Слободна Европа