Едина Муса и Александар Мачка добија син!

Едина Муса и Александар Димитровски – Мачка, поранешната кошаркарска двојка и неодамна венчани сопружници, станаа родители! Нивниот прв заеднички син, Максим, пристигна на свет, носејќи огромна радост во нивното семејство.

Едина, која остана активна на социјалните мрежи до самото породување, често споделуваше моменти од своето секојдневие, најавувајќи дека по раѓањето брзо ќе се врати на своите тренинзи. Нејзината посветеност на физичката активност можеби помогна породувањето да помине полесно.

И мајката и бебето се чувствуваат одлично, а среќната мама со гордост ја сподели веста дека нивното синче конечно е тука.

За Александар ова е трет наследник – од претходниот брак со пејачката Тамара Тодевска ги има ќерката Хана и синот Дарен.

4news.mk