Неколку лица се повредени поради паѓање стакло пред ноќен клуб во Сплит, а 15 од нив побарале лекарска помош, соопшти хрватската полиција.
„Според првите информации, околу петнаесетина лица, главно со полесни повреди побарале лекарска помош и се пренесени во КБЦ за укажување лекарска помош“, соопшти Сплитско-далматинската полиција, пренесува Хина.
Индекс.хр пренесува дека се искршило стаклото во излогот на стоковна куќа, веднаш до влезот на ноќниот клуб Централ во Сплит и дека големи парчиња стакло се распрскале врз младите кои чекале ред за влез во ноќниот клуб.
Според полицискиот извештај, околу 00:15 часот е пријавено паѓање на стакло на плоштадот Гаје Блата.
На лице место излегле сите служби за итна помош, а истрагата ќе ги утврдува фактите и околностите на настанот, соопшти хрватската полиција