Дерја Ташар (27), која дипломира на два факултета во Јуксекова, Туркије, и го продолжува своето образование на трет факултет, им даде пример на другите жени со својот успех во сточарството што го започна со грант-поддршка, пишува Агенција Анадолија (АА).
Ташар, која живее во селото Камишли, почнала да работи како социолог во Здружението на жени во Јуксекова откако дипломирала социологија на Универзитетот „Бингол“ и социјални услуги на Универзитетот „Анадолија“ во 2017 година.
Учествувајќи во проектите за општествена одговорност за жени и деца заедно со членовите на Здружението, младата претприемачка одлучува да се занимава со сточарство со цел да произведува и да ги поттикне жените на претприемништво.
Ташар, која пред две години аплицираше за „Проектот за развој на сточарството“ на општината, доби поддршка за 20 овци и на тој начин почна да се занимава со сточарство, што стана извор на егзистенција за нејзиното семејство.
Во исто време, Ташар минатата година за да го продолжи своето образование се запиша на Одделот за развој на деца при Универзитетот „Истанбул“, кој обезбедува образование на далечина.
Таа исто така го зголеми бројот на животни за кои се грижи на 45.
Ташар со својата решителност и претприемачки дух стана пример за другите жени кои сакаат да започнат или развијат бизнис. По Ташар уште 10 жени во селото почнаа да го користат проектот и да се занимаваат со сточарство.
Ташар, која ги молзе и стриже животните кои пасат на висорамнината Џевизли во регионот Даглиџа, ги подготвува испитите откако ќе се врати дома од висорамнината.
Текстот во целост на:Агенција Анадолија (АА).