Министерствата за одбрана на Русија и Украина го договорија форматот на коридорот за излез на цивили, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Медински по втората рунда преговори меѓу Москва и Киев. Украина и Русија се договорија заеднички да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
Тој посочи дека Киев не ги добил резултатите на кои сметала украинската страна при преговорите со Русија.
Украинската делегација не ги доби резултатите што ги очекуваше и ќе го продолжи дијалогот во третата рунда преговори.
Планирано е што поскоро да се одржи третата рунда руско-украински преговори.
Детално се дискутираше за хуманитарниот аспект. Многу градови се опколени, има проблеми со храна и лекови.
Страните наскоро ќе создадат канали за комуникација и интеракција за организирање хуманитарни коридори.