Загинаа 43 мигранти кога брод удрил во карпа во Италија

Најмалку 43 лица, вклучително и новороденче, загинаа во бродолом додека се обидувале да се истоварат на плажа во разбрануваното море во близина на брегот на италијанската област Калабрија.

Италијанската противпожарна служба напиша на Твитер дека 28 тела биле пронајдени рано наутро, а многу биле донесени на туристичка плажа во близина на Стекато ди Кутро, додека други биле пронајдени на море.

Се проценува дека 120 луѓе биле на бродот пред да се удри во карпите. Досега се спасен осумдесет лица.

 

nezavisen.mk