Пет години откако народот го бојкотираше референдумот за промена на уставното име на државата, а сепак Македонија ја доби претставката Северна. На 30 септември 2018 година граѓаните требаше да одговорат на трик прашање за кое нема единствен одговор, „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.
Граѓаните преку бојкот гласно кажаа НЕ. Само 36% излегоа да дадат поддршка за Преспанскиот договор.
Одлуката не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список.
Власта пред камерите се обидуваше и покрај тоа што народот кажа НЕ, да покажат дека сепак резултатите не ги допираат и името ќе се смени.
Атмосфера – да бидеме малку насмеани
Дека граѓанското НЕ нема да важи за власта уште вечерта на 30-ти септември ни кажа поранешниот премиер Зоран Заев, најавувајќи дека ќе се обиде преку Собранието да ги протурка уставните измени.
Ќе направиме обид во Парламентот, да разговараме со пратениците, и ќе знаеме, ако има двотретинско мнозинство, ја почнуваме постапката со уставните промени.
Што и на крајот се случи. ЗА гласаа осум пратеници на опозицијата, а кај пет од нив во одлука веројатно помогнаа судските лавиринти и нечистите игри.
Поучени од она што и се случи пред 5 години и веројатно исплашени од волјата на народот, владино – државниот врв за договорот со Бугарија кој и те како ја допира македонската јавност, како да е алергичен на зборот референдум.