Смртоносниот циклон бомба кој усмрти повеќе од 60 луѓе во САД се заканува да предизвика обилни врнежи и поплави во Велика Британија.
Бурата преку северен Атлантик довела до драстичен пад на температурите во САД, поради што на сила е жолт метеоаларм во Шкотска поради обилните дождови, пренесува „Daily Mail“.
Предупредувањето е на сила од 3 часот наутро во петок на 30-ти декември во траење од 15 часа во Единбург, Глазгов и Стирлинг.
Циклонот е во состојба да има силен ефект во Велика Британија поради своето влијание на северноатлантскиот млазен тек.
Северноатлантскиот млазен тек е ефективно воден од температурните разлики, а делови зафатени од „циклонот бомба“ имаат температури и до минус 45 степени Целзиусови во САД.,
Последицата од ова е дека во Велика Британија се предвидуваат пониски температури од вообичаените и периоди на влажно и ветровито време во наредните седум до десет дена.
„Времето во Велика Британија ќе остане нестабилно со понатамошни периоди на влажно и ветровито време поради засилување на млазниот тек насред невремето во САД“, изјавил метеорологот Сајмон Партриџ.
Тој додал дека влијанието на Велика Британија нема да биде ни одблиску големо како во САД.
„Ефектот кој ќе го има на Велика Британија не е ни одблиску толку драматичен бидејќи тој систем донесе многу постуден воздух појужно, ширум САД“, рекол тој.
„Тоа што имаше циклонот е засилување на млазниот тек бидејќи тој во основа се создава поради температурни разлики. Значи ефектот е дека, како и денеска, ќе имаме период на влажно, ветровито време и ќе го има и натаму“, рекол тој.
Се очекува денеска да биде постудено отколку вчера, со сонце и до некаде обилни дождови во северна Шкотска и западна Англија, како и ризик од град и грмотевици.
Партриџ додал дека денеска ќе има забележително заладување, а на места ќе биде и прилично ветровито со врнежи ширум Британија, додека од петок до недела се предвидува нестабилност.
„Генералното влијание на времето во САД е такво што во Обединетото Кралство ќе биде малку постудено, отколку што инаку би било овој период од годината“.
tocka.mk