Заплена на бесправно посечено дабово огревно дрво

На ден 04.10.2024 година, за време на вршење на службената должност, од страна на шумочуварската служба на ЈП Национални шуми од подружница Саланџак- Валандово, запленето е бесправно посечено дабово огревно дрво во Шумско стопанската единица Анска Река. Одземената дрвна маса е спроведена во складот на подружницата.