На 11.12.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово. При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Related Posts
ФАО: Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина
Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот…
Тешка сообраќајна несреќа кај Зајас – три лица пренесени во болница
Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа на влезот од главниот пат за селото Зајас. Во несреќата учествувале три возила. Дознаваме…
Пвро ја оштетил а потоа се обидел да ја запали куќата од својот татко
Четириесет и петгодишен човек од демирхисарско село е приведен откако прво ја оштетил, а потоа и се обидел да ја…