Граничниот премин Мердаре е затворен поради поставување барикади во Србија на околу два километра од оваа граница, соопшти синоќа Националниот центар за гранично управување на Косово. Мердаре – еден од граничните премини со Србија – го користи косовската дијаспора за влез и излез од Косово. Министерството за надворешни работи и дијаспора (МПЈД) преку објава на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека „српските криминални групи го блокираа граничниот премин Мердаре“. Се известуваат сите сонародници и граѓани кои се на пат да ги користат другите гранични точки за сообраќај до дополнително известување од институциите на Република Косово“, се наведува во соопштението. Министерството за надворешни работи ги советува граѓаните кои веќе влегле во Србија да ги користат граничните премини Мутивода и Деу и Барда или преку Скопје да тргнат кон граничниот премин Прешево.
Радио Слободна Европа