Зголемен бројот на новозаразени од сезонски грип, починаа две лица

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје покажа дека во последната недела бројот на пријавени со грип е над 3.000, што е најмногу на неделно ниво во оваа сезона.

Има и двајца починати во болнички услови. Станува збор за лица на возраст од 59 до 77 години од Скопје и Свети Николe.

Утврдено е дека починатиот имал коморбидитети и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип.

„Кај починатиот лабораториски тестови потврдија грип А(Х1)pdm09 и грип А без подтип“, соопштија од ИJ3.

Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, додаваат надлежните.

Од Инфективна велат дека е очекувано бројките на пациенти да бидат зголемени со оглед предвидувањата дека пикот на грипот се очекува токму околу средината на февруари.

skopjeinfo.mk