Згрижени голем број од повредените на скопксите клники, лекарите даваат се од себе за нивниот живот

Повеќе десетици повредени лица од катастрофалниот пожар што ноќеска избувна во дискотека во Кочани се пренесени на лекување во неколку болници низ земјата. Според информациите на Канал 5, во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешки изгореници, 24 во Клиничкиот центар, а 18 во болницата „8 Септември“, од кои двајца се во критична состојба.

Голем дел од повредените првично биле згрижени во кочанската општа болница, каде медицинските екипи сè уште укажуваат помош. Поради сериозноста на повредите и вдишување на чад, дел од нив биле транспортирани во Клиничката болница во Штип, како и во болниците во Скопје.

Пред Болницата во Кочани се собрале голем број роднини и блиски на повредените и загинатите. Општинската организација на Црвен крст веќе работи на составување на списоци за утврдување на идентитетот на жртвите.

 

 

 

skopjeinfo.mk