Зеленски би дал оставка во замена за членство во НАТО

На еден ден пред третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, украинскиот претседател Володмир Зеленски одржа прес-конференција во Киев на која изрази подготвеност да замине од функцијата доколку неговата земја биде примена во НАТО. „Кога станува збор за мирот во Украина, тогаш сум подготвен (да ја напуштам мојата функција)“, изјави Зеленски пред новинарите.

Негов приоритет, како што тврди, се безбедносните гаранции за Украина, а приклучување во НАТО би била најдобрата варијанта. Зеленски изјави дека тој не сака да владее со децении. Неговиот мандат ќе завршеше во мај минатата година доколку не беше војната и владеењето на военото право во Украина. Неодамна, американскиот претседател Доналд Трамп го опиша Зеленски како „диктатор без избори“ и го обвини дека носи соодговорност за руската војна против Украина. Зеленски од своја страна одговори дека Трамп е жртва на руски дезинформации.

На денешната прес-конференција украинскиот претседател изјави дека смета на поддршката на САД, но не сака да склучува договори со Вашингтон кои одат на штета на Украина. Тој рече дека се согласува со американскиот претседател дека војната би морала да се заврши најбрзо што може, но од Трамп очекува разбирање и сочувство за својата земја која е нападната од Русија. „Безбедносни гаранции од Трамп е многу неопходни“, рече Зеленски.

 

 

DW