Украинскиот претседател, Володомир Зеленски изрази подготвеност да „работи под водство“ на американскиот претседател, Доналд Трамп на „постигнување траен мир“ во Украина, во услови на тензии со Белата куќа по прекинот на американската воена помош за Украина.
„Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под водство на претседателот Трамп за да постигнеме траен мир”, напиша Зеленски денеска (4 март) на социјалната мрежа Икс (X), додавајќи дека сака да ги „среди работите” со неговиот американски колега по нивната жестока дискусија во петокот во Овалната соба на Белата куќа.
Нашата средба во Вашингтон, во Белата куќа, не помина според планираното. Жално е што се случи тоа. Време е работите да се поправат”, рече Зеленски, додавајќи дека се надева на „конструктивна соработка и комуникација во иднина”.
slobodnaevropa.mk