Зеленски: Руската агресија не е само врз Украина, на мета е цела Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на своето обраќање доцна синоќа рече дека руската агресија никогаш не била ограничена на Украина и дека цела Европа е на мета.

Зеленски го повика Западот да воведе целосно ембарго на руските енергетски извори и да и обезбеди на Украина дополнително оружје.

Тој рече дека употребата на сила од страна на Русија е „катастрофа што неизбежно ќе ги погоди сите“.

 

Радио Слободна Европа