Земјотрес со јачина од 5 степени во Грција

Земјотрес со јачина од 5 степени според европската сеизмилошка скала, е регистриран во 19 часот по локално време во јужниот дел на Грција, во Средоземното Море.

Земјотресот бил на длабочина од 40 километри, а бил почувствуван во локалните градови како Гитеио и Ираклон на Крит, а исто така со послаб интензитет бил почувствуван и во Атина.