Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди иранската покраина Хормозган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени бил во подрачјето на Кухерд во Хормозган.
Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил во 2:45 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.
Според локалните медиуми, земјотресот кој предизвика паника кај жителите, бил почувствуван и во околните градови.
Сè уште не е објавена информација за евентуални жртви или причинета материјална штета во земјотресот.
извор: Агенција Анадолија (АА).