Знаме на Голема Албанија сосе делови од Македонија се вее на економскиот самит во Давос

Знаме на Голема Албанија со делови од Македонија се вее пред хотел во Давос за време на одржувањето на економскиот самит во Давос, објави Република . 

Хотелот се наоѓа отспротива каде што е сместен претседателот на Србија Александар Вучиќ.Покрај знамето на Голема Албанија истакнато е и косовското знаме.

На самитот во Давос учествува и Стево Пендаровски кој во своето обраќање истакна дека Косово и Република Српска се најчуствителните точки во регионот.

Извор: Република