Значајна инвестиција во Лешочкиот манастир: Завршување на конзервацијата на Стариот конак и заштита на живописот

Денес сум во Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во Тетовско.
👉 Заедно со Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, Вд.директорката на Националниот конзерваторски центар, Цветанка Хаџипецова, Ивица Томовски директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата и пратеникот Александар Велјановски најавуваме завршување на конзервацијата и ревитализацијата на Стариот конак, за што Министерството за култура и туризам обезбеди 6 милиони денари.
👉 Овој проект е од огромно значење за нашето културно наследство и се очекува да биде завршен до крајот на годината.
👉 Исто така, се обезбедени средства за конзервација на живописот на црквата Св. Богородица, каде е откриен трет најстар слој фрески, што сведочи за повеќевековниот континуитет на оваа историска локација.