Измерени 34 степени во Македонија, температурите и во следните денови ќе растат

Позади нас е уште еден многу топол и вистински летен ден, исполнет со многу сонце. Најтопло денес беше во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија каде се измерени 34 степени, додека во Скопје се измерени 32 степени.

На следната табела можете да ги погледнете  и температурите на другите места низ Македонија измерени денес во 17 часот, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Од петок до вторник очекуваме уште потопло време кога температурите во Македонија речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат  и до околу 40 степени, а во Скопје до околу 35 степени, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk