Изминуваат пет месеци откако Македонија и Србија ставија потпис на идејата да се изгради брза пруга од Скопје до Ниш.
Од моментот на потпишувањето на меморандумот за соработка остана неодговорено прашањето кога оваа пруга ќе биде изградена од македонска страна, секако додека во меѓувреме во соседна Србија се работи на железничката инфраструктура на повеќе локации.
МИА