Израелската војска ги прошири своите напади врз милитантните групи поддржани од Иран. На 29 септември изврши напади врз јеменскиот пристанишен град Ходеида, кој е под контрола на бунтовниците Хути, сојузници на Техеран.
Во меѓувреме ги интензивираше воздушните напади врз упориштата на Хезболах во јужен Бејрут и на други места во Либан, предизвикувајќи стравувања меѓу глобалните лидери од сеопфатна блискоисточна војна.
„Во голема воздушна операција денеска, десетици воздухопловни авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за полнење гориво и извидувачки авиони, нападнаа цели за воена употреба на терористичкиот режим Хути во областите Рас Иса и Ходеида во Јемен“ изјави портпаролот на израелската војска капетан Дејвид Авраам изјави за новинската агенција Франс прес на 29 септември..
slobodnaevropa.mk