ФБ објава на Богдан Илиевски. Истата ја пренесуваме во целост:
Почитувана јавност, сакам да ве информирам дека Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ и Синдикат на новинари и медиумски работници ги пријавив во:
2. Судот на честа при ЗНМ,
3. Комисија за спречување и заштитата од дискриминацијата (https://www.facebook.com/kszd.mk/) по основ на дискриминација од професионални и етнички побуди,
4. Побарав од нив да се извинат и да ја повлечат изјавата, а ако не го сторат тоа ќе продолжам со правна заштита на моите права.
Во интерес на просторот, ви ја објавувам содржината само од обраќањето до нив.
***
ДО
1.Здружение на НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Скопје
Адреса: Градски Ѕид-Блок 13 Скопје – Центар
ЕМБС: 4067568 (“ЗНМ”)
И
2.САМОСТОЕН СИНДИКАТ НА НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ Скопје
Адреса: Бул. Свети Климент Охридски бр.58Б Скопје – Центар
ЕМБС: 6658660 (“ССНМ”)
Почитувани,
Со јавно објавената информација на 06.06.2024 година – заедничко соопштение на ЗНМ и ССНМ, објавено на веб-страница на ЗНМ (сопственик на доменот znm.org.mk) и истовремено на веб-страница на ССНМ (сопственик на доменот ssnm.org.mk) под наслов „Онлајн малтретирањето и заканите кон Лепа Џундева и други новинарки се неприфатливи“ (линк од изворно објавениот текст даден подолу), авторите и објавувачи на текстот ЗНМ и ССНМ “изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките на социјалните мрежи во земјава…“ наведувајќи, и истовремено директно напаѓајќи ме и посочувајќи ме мене лично дека со објава на мој личен Facebook профил, каде е објавено дел од јавно објавено интервју на Лепа Џундева со одреден грчки пратеник, сум довел до “поттикнување на говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство” спрема Лепа Џундева, со што ЗНМ и ССНМ, секој посебно, со изнесување на вакви субјективни и тенденциозни ставови и невистините тврдења против мене, односно со изнесување на ваква клевета, ми нанесоа штета на мојата чест и углед како физичко лице.
Дотолку повеќе, оркестрирано понатамошно споделување на соопштението на ЗНМ и ССНМ на други веб локации од страна на физички и правни субјекти, придонесе само кон таквата штета да биде од поголеми размери, покажувајќи намера за постигнување на таквата цел од страна на ЗНМ и ССНМ.
Имајќи го предвид претходното, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со овој допис барам посебно од ЗНМ и посебно од ССНМ јавно извинување и јавно повлекување на изјавата и содржината на објавата со која е извршена клевета против мене.
Доколку во предвидениот рок не добијам јавно извинување и јавно повлекување на објавената содржина на начин предвиден согласно законот, како и непосредно реагирање од страна на ЗНМ односно ССНМ до останати веб локации кои ја имаат споделено ваквата информација со која се врши клевета против мене, ве информирам дека ќе ги искористам сите расположливи правни средства и механизми согласно закон со цел на заштита на моите права со цел да си ја одбранам честа и угледот, како и слободата на мислата, говорот и нивното јавно изразување.
Крајно, согласно принципите и практики на транспарентност за кои се залагаат сите новинари, замолувам да ме известите мене и целокупната јавност за времето на одржување на седницата/состанокот од страна на ЗНМ односно ССНМ на кој се усвоил овој став кон мене, за форматот на таквиот состанок и за тоа кој од вашите ценети членови ги донеле таквите заклучоци кои ги пренесовте во вашето заедничко соопштение со кое се врши клевета против мене, како би знаел дали процесот да го водам против цел правен субјект, против неколку лица или можеби против еден човек кој ја искористил приликата од лични причини.
08.06.2024 година
Богдан Илиевски