Три ученички се повредени денеска кога во училиште во Загреб било истурено мало количество сулфурна киселина, јавува хрватскиот портал 24сата.
Наводно им била згрижена и укажана лекарска помош.
„Студентот го испуштил шишето и тоа се истурило. Дојде брза помош и тоа е се што знаеме засега“, потврдил градоначалникот Томислав Томашевиќ, пренесува Zagreb.info.
Во училиштето пристигнала фирма задолжена за отстранување на хемискиот отпад.
извор: Zagreb.info.