Двегодишното девојче Дуња Марковиќ (2) исчезна денеска околу 14 часот во Уб, Србија.
Полицијата го активираше системот „Пронајди ме“.
На 03.03.2025 година околу 14:00 часот во Уб исчезна девојче на возраст од 2 години. Повеќе информации на pronađime.mup.gov.rs. Сите информации пријавете ги на 192“, се наведува во СМС-пораката што им беше испратена на сите граѓани на Србија.
Исчезнатото девојче има кафеава коса, кафени очи и високо е околу еден метар. Во моментот на исчезнувањето носело сива тренерка и сив дуксер. Како место на исчезнување е наведена улицата „8 Март“.
4news.mk