Канада испорачува противтенковско оружје, Јапонија испраќа 70 доброволци во Украина

Противтенковско оружје и напредна муниција ќе и испорача Канада на Украина како поддршка во борбата против руската агресија. Истовремено ќе го забрани и увозот на руска нафта, најави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Канада ќе продолжи да ја поддржува херојската одбрана на Украина од руската војска. Ја објавувавме нашата намера целосно да забраниме увоз на сирова нафта од Русија, индустријата од која многу корист имаат претседателот Путин и неговите олигарси”, рече Трудо пред медумите во Отава.

Околу 70 Јапонци одговориле на украинскиот повик за странски доброволци да се борат против руската инвазија, јавуваат денеска западни медиуми.

– Заклучно вчера, околу 70 Јапонци – вклучително и 50 поранешни членови на јапонските сили за самоодбрана и двајца ветерани од француската Легија на странци – се пријавиле да бидат доброволци во војната против Русија, објави дневниот весник Мајничи Шимбун, цитирајќи компанија од Токио која се занимава со организирање на доброволците.

Портпаролот на Украинската амбасада соопшти дека примале повици од луѓе кои „сакаат да се борат за Украина”, но рече дека не знаат ништо повеќе за доброволците.

 

извор/фото: агенции