Кафуле во Макарска не го искористи воведувањето на еврото за поскапување на кафето,го поевтинија

Воведувањето  на еврото во Хрватска многумина го искористија за покачување на цените, на што граѓаните веќе масовно се жалат. Но, има и примери за поинаква деловна практика, која на социјалните мрежи донесе пофалби за кафулето Скала во Макарска.

Една жена на Фејсбук се пофали дека за две кафиња со млеко во Скала платила три евра или 22,6 куни, додека претходно чинеле 24 куни. Изгледа во Скала решиле да ги заокружат цените за да не бидат на сметка на нивните гости.

Им се јавивме и ги прашавме зошто се решиле на овој чекор.

„Никогаш немавме намера да ги покачиме цените, ги задржавме цените“, ни рекоа во кафе барот „Скала“. „Ќе го следиме однесувањето на другите ресторани и ќе видиме како ќе постапат, но немаме намера да го искористиме воведувањето на еврото за покачување на цената на кафето“, велат тие.

 

„Кафе среде брег, прва линија до морето. Едно од највкусните кафиња во градот“, рече гостин на Скала кој ги пофали на социјалните мрежи што не ги покачија цените.

 

index.hr