Кајмакоски се ожена по втор пат и откри дека со неговата избраничка го разбрал вистинското значење на љубовта

Поп музичарот Даниел Кајмакоски (39), кој по втор пат се ожени на почетокот на годинава, со избраничка чие име го крие, но се почесто објавува нивни заеднички фотографии, откри дека со неа го разбрал вистинското значење на љубовта.

-Кога ќе ја пронајдете личноста која ќе ве ослободи од тежината и болката на животот, ќе го разберете вистинското значење на љубовта, објави тој покрај заедничката фотографија со втората сопруга.

Музичарот пред тоа беше во брак со моделот, а од пред неколку години и пејачка Кристина Димитри со која го добија синот Давид.

 

fokus.mk