Кинескиот гигант „Баиду“ го претстави автономниот автомобил без волан

Кинескиот гигант „Баиду“ ја претстави новата генерација на автономен автомобил, наречен „Аполо РТ6“, кој може да функционира без волан, јавува Агенција Анаолија (АА).

„Автомобилот со волан кој се отстранува нуди повеќе простор за други опции како дополнителни седишта, конзоли за играње или кафемати“, објави денеска „Баиду“ за време на својот технолошки настан.

Цената на производството е 250.000 кинески јуани (37.000 долари), што е половина од цената на претходниот проект на компанијата за автономен автомобил.

Осврнувајќи се на ниската цена на производство, извршниот директор Робин Ли рече дека масовното намалување на трошоците за производство на фирмата ќе ѝ овозможат да распореди десетици илјади автономни автомобили низ Кина.

„Ние се движиме кон иднината, во која користењето на роботакси ќе чини половина од цената на денешното такси“, додаде тој.

Извршниот директор додаде дека „Аполо РТ6“ ќе ја намали цената на таксито благодарение на системот без возач.

извор: Агенција Анаолија (АА).

фото:Агенција Анаолија (АА).