Кинеските астронаути Шенџоу-16 или таиконаути, во вторникот по 154-дневна мисија во вселенската станица, безбедно се вратија на Земјата.
Според Кинеската агенција за вселенски екипаж (CMSA), капсулата за повторен влез со тројцата таиконаути – Ѕјинг Хаипенг, Џу Јангџу и Гуи Хаичао, се приземји на местото Донгфенг во пустината Гоби во севернокинескиот автономен регион наречен Внатрешна Монголија во 8:11 часот по пекингшко време.
Според CMSA таиконаутите се во добра здравтвена состојба.
Агенцијата ја прогласи првата мисија со екипаж во фаза на примена и развој на кинеската вселенска станица – мисијата Шенџоу-16, за целосен успех.
CGTN Makedonski