Кларк – НАТО да помогне во Украина, но да остане во своите граници

Поедини земји од НАТО мора да направат сè што можат да ги поддржат украинските сили на бојното поле со достава на оружје, опрема и разузнавачки информации, но НАТО мора да остане во своите граници, вели пензионираниот американски генерал Весли Кларк во интервју за Радио Слободна Европа.

За можноста за воведување на зона на забранети летови над Украина, тој вели дека НАТО мора да остане во рамките на своите граници, но оти Алијансата мора да преземе низа мерки за одговор ако Русија ги премине нејзините граници.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа