Книга на жалост за Андреј во ТЦ Лептокарија

Задутре, на 20.март, во Трговскиот центар Лептокарија ќе биде отворена Книга на жалост за Андреј и останатите настрадани во трагедијата во Кочани. Ова го соопштија другарите и другарките на Андреј од основно училиште и од неговото маало.

– Со скршено срце и неизмерна тага заради огромната трагедија во Кочани, како и загубата на нашиот школски другар, сосед, пријател Андреј Ѓоргиески, отвораме книга на жалост. Книгата на жалост ќе биде отворена на 20ти март во 10:30 часот во Т.Ц. Лептокарија, на делот кој ние го нарекувавме „коцка“ и во кој ги поминавме најубавите години на смеа и дружење токму со Андреј. Ве повикуваме сите, да бидеме заедно во тагата, како што бевме и во радоста, да го чуваме споменот на еден човек со огромно срце и несебична грижа за другите и послабите каков што беше Андреј.

Засекогаш твоите другари и другарки од основно и маало.

Почивај во мир школски – напиша Ема Станковиќ, школска другарка на Андреј.

 

 

 

skopjeinfo.mk