Веќе е апсолвирано дека изборите ќе бидат редовни, а за тајмингот може да се разговара, рече денеска, во одговор на новинарско прашање, премиерот Димитар Ковачевски.
„Во однос на изборите, имаме јасен став. Апсолвирано е дека ќе бидат редовни, а во однос на тајмингот, тоа е нешто коешто може да се разговара. Во однос на тоа кој месец ќе бидат, тоа е согласно со роковите во Собранието. Сметам дека треба да седнат претставници на политичките партии, на работно ниво, да можат да разговараат за деталите“, рече Ковачевски.