Ковачевски- Која: Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На состанокот се изразени честитки до премиерот Ковачевски за мандатот.

Притоа е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, предизвиците од војната во Украина, реформските процеси во државава, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР околу изборите, прашањето околу евроинтеграциите.

На средбата е посочено дека Република Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ, при што е посочено и на подготовките што се прават во таа насока.

 

извор/фото: агенции