Ковачевски на брифинг со уредници и новинари: Медиумите се и нашиот коректив и огледало на нашата работа

За европскиот предлог за евроинтеграции на Македонија, дискутиравме на брифинг заедно со уредниците и новинарите. Медиумите покрај тоа што ги сметаме за наши партнери се и нашиот коректив и огледало на нашата работа, напиша на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Широката консултација ја започнавме со коалициските партнери, а ја продолжуваме и со сите засегнати страни за јавноста да биде објективно информирана за содржината на истиот.

Владата работи за просперитет на сите граѓани, затоа е неопходно во овие клучни моменти, заедно и мудро да делуваме за интересите на државата.

извор: ФБ Димитар Ковачавски
фото: ФБ Димитар Ковачевски