Ковачевски: Струја, греење и храна мора да има за сите

Нов ефикасен систем на поддршка за земјоделците, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

По владината седница на која беше усвоен нов модел за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој премиерот порача дека струја, греење и храна мора да има за сите.

Имаме обврска да им помогнеме на земјоделците заеднички да ја пребродиме оваа криза, а за граѓаните да обезбедиме стабилно производство на храна – рече Ковачевски.

Новиот модел, посочи, е креиран по европски терк, поефикасен е и прилагоден на предизвиците што ги донесе кризата. Нема намалување, туку, како што потенцираше, поефикасна распределба на средствата.

Мораме да се осигураме дека домашното производство на храна е стабилно и ќе има доволно храна, дека ќе произведуваме доволно за дома, но и за извоз за јакнење на економијата – рече Ковачевски.

фото: Архива