Судот на денешното рочиште не го прифати барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски поради тоа што било на истите околности како минатиот пат.
Обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кое тој детално објасни како го грабнале Жежовски и како Палчо го убил.
Она што е спротивно од минатото сведочење е исказот на Видевски за киднапирањето на Вања. Боре во обвинителството рекол дека Палчо од таткото на девојчето разбрал кое време ќе излезе од дома.
Кога ја стигнале на местото почнале да ја одврзуваат Вања.
Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“, го читаше исказот на Видевски обвинителката Јосифовска.