Косовскиот амбасадор во Македонија е повикан да објасни зошто при посетата на Албин Курти во Тетово, на настанот организиран од тетовскиот градоначалник Касами на кој се вееше знаме на т.н “голема Албанија”.
„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја-членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата“, се појаснува во соопштението.
фото: фејсбук Билал Касами