Со денови ВМРО-ДПМНЕ ја лажеше јавноста и фабрикуваше лаги против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Секој ден од Белиот дворец се пласираа најдолни лаги.
Тие лаги се демантирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата која соопшти дека нема никаков основ и затоа нема да има никаква постапка, истакна Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Со ова се потврдува дека измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ се единствено со цел да се дефокусира јавноста од криминалниот тендер од 136 милиони евра во Град Скопје, за кој функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа за вмешаност.
Денес, откако и потона и последната нивна лага, Мицкоски, Лефков, и ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извинат на претседателот Ковачевски, а потоа и на јавноста која со денови ја лажеа и манипулираа.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, тоа е криминална партија која своето дејствување го базира на лажни вести и фабрикувани дезинформации затоа што нема никаква понуда за граѓаните.
извор: СДСМ