Испораката на руски гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ нема да биде целосно обновена додека „колективниот Запад“ не ги укине санкциите против Москва поради конфликтот со Украина, објавил Кремљ.
Според Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот Владимир Путин, вината за ова е во санкциите од ЕУ, Велика Британија и Канада за неуспехот на Русија да испорача гас преку клучниот гасовод што го носи гасот до Германија од Санкт Петербург преку Балтичкото Море, пренесуваат медиумите во регионот.
„Проблеми со испумпувањето на гасот предизвикаа санкциите што ги воведоа западните земји кон нашата земја и неколку компании“, рече Песков, пренесе Интерфакс. „Нема други причини кои би можеле да го предизвикаат овој проблем со пумпањето“, додал тој.
Компаниите имаат огромен интерес за инвестирање во фотоволтаични електрани. Но, сложените процедури за добивање лиценци често ги одвраќаат инвеститорите од…