СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(61) од Скопје и против правно од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 ст.3 од Кривичниот законик.
Првопријавениот, како сопственик и управител на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини во с.Љубош, неовластено тргувал со отпад без да поседува Дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постои основано сомнение дека првопријавениот и второпријавениот го сториле кривичното дело што им се става на товар.
Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
