ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, на 29.04.2021 година, во својство на раководител на шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице кое, без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“. Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“, констатирано е дека, за склучената спогодба не било дадено овластување од Директорот на ЈП „Национални шуми“. Со тоа, пријавениот овозможил да биде посечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што, причинета е материјална штета од 2.327.500 денари.
Related Posts
Казни за 311 возачи за брзо возење
Санкционирани се 311 возачи низ државата поради брзо возење, информираше денеска Министерството за внатрешни работи. Во текот на вчерашниот ден,…
Ќе падне ли владата на Кирил Петков поради Северна Македонија?
Спорот околу ветото за Северна Македонија може да ја урне бугарската влада. Како што тргнало, и во 2300 година Софија…
Распишана меѓународна потерница за убиецот на хрватскиот ракометар
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за за Ангело Георигевски роден на 13 јануари 1994 година…