Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2000 денари од лице за да му издаде документ за привремен престој, иако претходно лицето редовно си ги платило сите потребни издатоци за да му биде издаден документот. По добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и И.Ф. на 30.11.2023 е лишен од слобода, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка и отстаранување од работното место до нејзиното завршување.
извор: МВР