На 08.03.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело “Фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра. Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.
Related Posts
Ковачевски на меѓувладината седница со Албанија: Заеднички сме на европскиот пат и се справуваме со кризата, заеднички овозможуваме економски раст и развој
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја започна меѓувладината седница помеѓу Северна Македонија и…
Николовски: Очекувам следната недела да почне увозот на пченица од Србија
-Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании…
Од денес нов влажен бран кој ќе донесе воден талог од над 30 литри, а на планините снег и над 25 сантиметри!
Големиот влажен бран кој ќе ја зафати територијата на Македонија утре попладне и навечер, како и во вторник и истиот…