Кривична пријава за „примање поткуп“

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во кординација со Секторот за економски криминал и корупција-Оддел за криминалистичка полиција при МВР на 17.01.2025 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ф.Р. (40) од Скопје, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 од КЗ.
Пријавениот Ф.Р., во својство на овластено лице, вработен во МВР-Отсек за странци и реадмисија при Регионален центар Север, на 16.01.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, побарал и примил поткуп во износ од 50 евра. Имено, оштетената ја изгубила патната исправа, па на 15.01.2025 се сликала за издавање на нова патна исправа по итна постапка, а на 16.01.2025 била упатена во службените простории во зградата на МРТ, каде била повикана од страна на пријавениот Ф.Р., со цел давање појаснување за изгубената патна исправа, по што и дал потврда со која се потврдува приемот на барање за издавање патна исправа и уплатница за глоба.
Откако оштетената ја извршила уплатата, повторно се вратила во службените простории кај пријавениот, кој и побарал и примил поткуп во износ од 50 евра за да може побрзо да и издаде нова патна исправа, бидејќи за постапката се чекало од 6 до 12 месеци. Со тоа Ф.Р. сторил кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 од КЗ.