СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје за сторено кривично дело „даночно затајување” по чл.279 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на 2020 година во повеќе наврати, од повеќе лица од странство, реализирал приливи на девизни парични средства во вкупен износ од 1.547.765 денари кои, со намера да го одбегне плаќањето на данокот на личен доход, не ги пријавил како друг доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, за нив не пресметал и не платил данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот доход. Со ова А.Б. го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија и се стекнал со противправна имотна корист во износ од вкупно 154.776 денари.
Related Posts
Пратеникот кој гледа порно филм за време на седницата за Косово поднесе оставка
Пратеникот од редовите на социјалистите Звонимир Стевиќ поднесе оставка од функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое…
Две лица загинаа, едно е повредено при уривање на рудник во Западна Турција
При уривање на рудник во Западна Турција загинаа двајца рудари, а еден е повреден, јавува Анадолу. Несреќата се случи во…
(Видео) Масовна тепачка меѓу матуранти од две белградски гимназии
На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка на млади лица, за кое подоцна е објавено дека станува збор за…